Ситуацијата во Франција е „експлозивна“, 123 полицајци повредени во насилните протести

by Fokus

Синдикалните здруженија го алармирале претседателот на Франција, Емануел Макрон, дека ситуацијата во земјата е експлозивна поради бројните протести во неколку градови против пензиската реформа. Според податоците на полицијата на протестите денеска излегоа речиси два милиони демонстранти. Синдикатите велат дека биле 3,5 милиони.

Граѓаните се незадоволни од пензиската реформа која, меѓу другото, предвидува поместување на старосната граница за одење во пензија од 62 на 64 години. Незадоволството беше уште повеќе разгорено откако Владата ја протурка реформата без гласање во парламентот, користејќи го уставното право.

-123 полицајци се повредени, а 80 лица упасени, изјави денеска министерот за внатрешни работи на Франција, Жералд Дарманен.

Во дел од градовите каде се протестира, група на демонстранти кои себе се нарекуваат „кршачите“ оштетуваа излози на продавници, полициски станици, а искршено беше и стаклото во еден ресторан на ланецот Мекдоналд.

Фото: Ројтерс

Поврзани новости