„Сити Галери“ ќе се „облече“ во барокна фасада од 1,5 милиони евра

by fokus

Во рок од една година, објектот „Сити Галери“, лоциран на плоштадот „Македонија“ ќе добие барокна фасада. За изработката на фасадата ќе биде задолжена градежната фирма „Урбан инвест“ од Кавадарци, со која Град Скопје склучи договор за изведба, а на огласот учествувале вкупно девет градежни компании.

Тендерот кој беше објавен на сајтот на Бирото за јавни набавки „тежи“ 1,5 милиони евра, иако проценета вредност на Градот беше 2,7 милиони евра. Како што се наведува во склучениот договор, избраната фирма ќе има рок од една година за да ја изработи фасадата.

Освен на „Сити Галери“, Советот на Град Скопје во јуни годинава го усвои и новиот изглед и на други објекти во строгиот центар, на зградата „Метропол“ и на уште две згради на улиците Македонија и Никола Вапцаров.
Идејните решенија се во стил на неокласицизам, а проектната документација ја изработија „Инком инженеринг“ од Скопје и „Проинг“ од Битола.

siti-galeri-1

Поврзани новости