Ако на судење ве однесат со „марица“, сами ќе ги платите патните трошоци

by Фокус

Од Основниот суд Скопје 1 ги информираат граѓаните дека доколку не се појават на судење, за кое добиле покана, не само што ќе бидат донесени со асистенција на полицијата, туку и самите ќе си ги покријат трошоците за превозот. За ваквата одлука од судот се повикуваат на Законот за кривична постапка.

Односно без разлика дали се работи за обвинет, оштетен, приватен тужител, бранител, законски застапник, полномошник, сведок, вешто лице, преведувач, толкувач или стручно лице, кој нема да се јави на покана на судот, судиите при Кривичниот суд ќе го применат членот 104 од новиот Закон за кривична постапка и со посебно решение ќе ги задолжат да ги платат трошоците за нивното доведување, за одложување на главата расправа или други трошоци во постапката кои ќе произлезат заради нивното неоправдано отсуство, се вели во соопштението на судот.

Оттаму дообјаснуваат дека овие решенија ќе бидат изготвени без разлика на исходот на кривичната постапка, односно дали ќе биде со ослободителна, одбивателана или осудитална одлука, бидејќи станувало збор за реални трошоци на постапката по вина на некој од наведените учесници.

-Оваа информација е неменет пред се за подигнување на свеста кај граѓаните без разлика на нивната улога во одреден судски процес, да имаат поголема почит не само кон судот туку и кон останатите странки во постапката. Воедно со овие решенија сметаме дека би се отстраниле пречките кои најчесто доведуваат до одложување на постапките и нивно одолговлекување, информираат од судот.

Од Кривичниот суд додаваат и дека странките сепак ќе можат да се жалат до Кривичниот совет на ваквото решение.

 

Поврзани новости