424
Од Државната изборна комисија денеска потврдија дека до истекувањето на рокот, односно до синоќа на полноќ кандидатски листи за пратеници поднеле коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, опозициската коалиција предводена од СДСМ, Коалицијата за промени и правда, Коалицијата ВМРО за Македонија и Коалицијата „Алијанса за Албанците“ која ја сочинуваат Движењето за реформи – ДПА, УНИТЕТИ и НДР, како и партииите ДУИ, ДПА, ПДП, ЛП, Левица, СДПМ и Беса и НДМ.
Жребувањето за редоследот на листите треба да се одржи на 20 ноември.
Според последните информации од ДИК, досега се пристигнати 20.293 пријави од државјани на Република Македонија кои живеат во странство за гласање на изборите, од кои се прифатени 18.706.