СДСМ: „Промоција на носителите на криминалот во Македонија“ денеска во Скопје

by Fokus

Денеска на улица Македонија (пред Спомен куќата на Мајка Тереза) во Скопје, во 13:30 часот ќе се одржи настан – „Промоција на носителите на криминалот во Македонија”.

Настанот го организираат од опозицискиот СДСМ

– Дојдете во 13:30 часот пред Спомен куќата на Мајка Тереза на ул. Македонија и испратете порака зошто нема да гласате за носителите на криминалот во Македонија. Граѓаните преку проектот „Вистината за Македонија“ можеа прецизно да слушнат кој и како го правел криминалот во Македонија. Можеа да слушнат како системски се ограбувала државата за сметка на неколкумина на врвот кои нагло се богатеа. Ништо не може да ги спаси Груевски, Мијалков и нивните соработници. Ќе одговараат за сите криминали преку судски постапки, а ќе бидат казнети и од граѓаните на изборите на 11 декември – се наведува во информацијата.

Поврзани новости