СДПМ ги објави листите повторно со дублери: Радмила Шукуроска наспроти Шеќеринска, Стево Продановски, наместо Пендаровски

by Fokus

И на овие избори ќе има дублери на носителите на листи на СДСМ. Партијата СДПМ на Бранко Јаневски најде луѓе кои ќе бидат носители на листа со имињата Стево Продановски, Љупчо Николовски и Радмила Шукуроска, кои можат да направат забуна со Стево Пендаровски, Љупчо Николовски и Радмила Шеќеринска од СДСМ, објави порталот СДК.МК.

Според нивните информации, носител на пратеничката листа на СДПМ (Социјалдемократската партија на Македонија) во првата изборна единица кај што за СДСМ носител е Стево Пендаровски од Скопје, е некој Стево Продановски од Зелениково. Носител на пратеничката листа на СДПМ во третата  изборна единица, каде што носител од СДСМ е Љупчо Николовски, е ист таков Љупчо Николовски, но од Штип. Дублер на Радмила Шеќеринска, која е носител во петтата ИЕ, е Радмила Шукуроска од Прилеп.

Поврзани новости