511
Иницијативата за закон за амнестија со кој би се амнестирале 145 затвореници го помина првиот филтер во Собранието. Таа помина на Законодавно-правната комисија и Комисијата за политички систем со поддршка од сите членови од сите политички партии.
Граѓанската иницијатива за донесување Закон за амнестија на осудениците веќе два дена протестира пред Собранието. Од таму најавуваат дека ќе продолжат со протестите се додека добијат позитивен одговор од претседателот на Парламентот за распишување граѓанска иницијатива на државно ниво за собирање 10 илјади потписи за да се донесе Закон за амнестија во законски предвидениот рок.