ВМРО-ДПМНЕ сака да има мнозинство во анкетната комисија за прислушувањето

by Фокус 18:59
18:59

Во Клубот на пратеници денеска продолжија преговорите за формирањето на анкетна комисија за прислушувањето, која е предвидена со договорот од Пржино. За ова собраниско тело кое ќе треба да утврдува политичка одговорност за прислушувањето има големи несогласувања меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ.

Имено, владејачката партија бара бројот на членови на оваа собраниска комисија да биде според бројот на пратеници кои ги имаат политичките партии, со што таа би имала апсолутно мнозинство. Според ваквиот начин на одредување на бројот на членови, ВМРО-ДПМНЕ би имала осуммина членови во ова тело, СДСМ – четворица, ДУИ – двајца, а ДПА и независните пратеници по еден.

- Advertisements -

Ова е неприфатливо за СДСМ и таа не се согласува владејачката партија да има апсолутно мнозинство во анкетната комисија за скандалот со прислшувањето.

Поврзани новости