РАСТ: Или квалитетни лекови за децата или ќе кампуваме пред Клиника

by Фокус

Здружението на родители на деца со еднкокринолошки заболувања РАСТ денеска најави дека се подготвени да постават кампови пред Детската клиника, поради замената на досегашниот лек кои го примале нивните деца со нов, поевтин лек. Станува збор за околу 100 пациенти кои досега се лекувани со оригинални лекови, но на новиот тендер на Министерството за здравство избран е нов биолошки сличен лек, кој е многу поевтин од оригиналниот.

-Ние не прифаќаме нашите деца да го примаат новиот лек. Од тоа не отстапуваме. Лекарите во земјава, но и оние во странство велат дека нема доказ дека новата терапија што се нуди нема да предизвика долгорочни штетни последици по здравјето на нашите деца. Во наредниот месец и половина сите деца ќе останат без терапија ако не се преземе нешто. Даваме уште многу кратко време надлежните да најдат решение, а во спротивно ќе поставиме камп пред Клиниката за детски болести, вели Александар Петревски, претседател на РАСТ.

Тој додава дека тендерите не треба да се прават според цените на лековите, туку според потребите на пациентите, а тие нема да дозволат да се експериментира на нивните деца.

Поврзани новости