401
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, веќе отпатувал за Андалија, соопшти неговата партија. Тој ќе престојува во Турција следните неколку дена во приватна режија и аранжман.
Лидерот на СДСМ Зоран Заев пак, веќе се вратил од Грција. Таму со семејството престојувал неколку дена,а сега е на работа во Скопје и Струмица. На Егејско Море летува и министерот Никола Тодоро.
Македонскиот премиер Емил Димитриев летниот одмор ќе го помине во Црна Гора.
Само претседателот Ѓорге Иванов летово останува во Македонија, а одморот ќе го поминие традиционално во вилата Билјана во Охрид.
Од политичарите единствено лидерот на ДУИ, Али Ахмета нема да замине никаде. Од партијата влеат дека летово имал премногу работни обврски.