ФРОДЕМ: Илинден беше доказ дека веќе никој не му верува на режимот

by fokus 10:48
10:48

За ФРОДЕМ, отсуството на народ на одбележувањето на празникот Илинден, јасно покажува колкава е до кон режимот, но и во целина кон политичките партии во Македонија, односно дека народот не му верува на режимот и дека му е смачено од лажни зборови и прослави.

-Во сиромашните и неписмени говори на режимското раководство со „пола уста“ се наведе потребата од обединување и помирување на партизираниот народ. Но, заложбата за вербалното единство не дотраја ни до третата речиница во говорите. Веднаш потоа се прејде во бескрупулозна партиска пропаганда и барање за прогонство на предавници. Ваквато човечко лицемерие и политичка шизофренија ќе остане забележана со црни букви во македонската историја- стои во соопштението.

ФРОДЕМ ја повикува Македонската православна црква сама да си го одржува редот во црквите за време на верските и националните празници, наместо тоа да го прават партиски и режимски обезбедувања.

Поврзани новости