Сите кои денеска беа тестирани немаат корона вирус

by fokus

Негативни се резултатите на сите кои денеска се тестираа за корона вирус, соопшти Министерството за здравство (МЗ).

– Претпладнево на корона вирус беше тестирано едно лице кое на 7 март пристигнало во земјава од Германија, како и осум лица поврзани со првата заболена пациентка од Скопје – сопатници и блиски контакти, кои во изминатите две недели беа во домашна изолација, велат од Министерството.

Патниците од Струмица кои поминале 14 дена во домашна изолација, а пристигнале со првата заболена пациентка на корона вирус ќе бидат тестирани утре.

Попладнево на седница на Владата, како што соопштија од МЗ, ќе бидат дискутирани мерките кои ги препорача Министерството за здравство по состанокот со Комисијата за заразни болести и Комисијата за следење и информирање за корона вирусот.

– За заклучоците, Владата и Министерството за здравство ќе информираат по завршување на седницата, се додава во соопштението.

Поврзани новости