Сириското бебе Аја родено под урнатините префрлено на безбедна локација поради страв од киднапирање

by Fokus

Сириското бебе родено под урнатините на зграда уништена во неодамнешниот силен земјотрес е префрлено на безбедна локација, објавија здравствените власти. Тие презеле вакви мерки на претпазливост поради страв од киднапирање и измама со посвојување.

Во понеделникот имало насилен инцидент во болницата во која малата Аја се лекувала, откако болничар и двајца вооружени мажи го натепале менаџерот. Шефот на здравствениот директорат на Африн, Ахмад Хаџ Хасан, негираше дека тоа бил неуспешен обид за киднапирање на Аја.

Илјадници луѓе од цел свет се понудиле да ја посвојат Аја откако нејзината трагична приказна се прошири низ интернет.

Поврзани новости