Синот осомничен дека со нож го убил 62-годишниот штипјанец

by Fokus

Првичните сознанија од истрагата на штипската полиција говорат дека 62-годишниот Т.Б., кој вчера беше пронајден мртов во неговиот дом на улица Сутјеска, бил убиен од неговиот 29-годишен син Г.Б и негов пријател, на возраст од 24 години.

Гордана Панајотова, портпаролка на полицијата во Штип вели дека најпрвин во раните утрински часови почнала кавга меѓу синот и таткото, по што синот почнал да го удира со тупаници и тапи предмети, а потоа со нож му нанел смртоносни повреди во пределот на главата.

Двете лица, кои се осомничени за кривично дело убиство, се наоѓаат во Основниот суд во Штип, кај судија на претходна постапка.

Засега не се познати мотивите за убиството.

МИА

Поврзани новости