Синот на Вучиќ со факелијада му го честиташе роденденот на својот татко

by Фокус

Данило Вучиќ, синот на српскиот претседател Александар Вучиќ, со факелијада му го честиташе 53-тиот роденден на својот татко на Ушче во Белград, во близина на споменикот на Вечниот оган, посветен на споменот на жртвите од бомбардирањето на НАТО на Србија во 1999 година.

Според пишувањата на медиумите, тој заедно со младите од Српската напредна странка запалил повеќе од 200 факели во чест на роденденот на неговиот татко.

Инаку, српскиот претседателот Вучиќ деновиве престојува во Катар каде што учествува на конференција организирана од ОН. Тој вчера на Инстаграм сподели дека добил торта за својот роденден.

Поврзани новости