Роналдо испратил авион полн со помош за настраданите од земјотресот во Турција и Сирија

by Fokus

Светската фудбалска ѕвезда Кристијано Роналдо испратил авион полн со помош за настраданите од земјотресот во Турција и Сирија.

Капитенот на Португалија одлучил да испрати полн авион со помош на луѓето кои настрадаа и се во опасност по разорните земјотреси што ги погодија Турција и Сирија.

На овој начин Роналдо сака да им ја покаже својата поддршка на сите во Турција и Сирија каде, за жал, како последица на земјотресот во урнатините загинаа над 50.000 луѓе, а беше направена огромна материјална штета.

 

 

Поврзани новости