Денеска повторно пролетни температури

by fokus

Времето денеска ќе биде променливо облачно, известува УХМР. Во западните делови ќе врне  слаб локален дожд, а на високите планини слаб снег.

Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.  Минималната температура ќе се спушти до минус 6, а максималната ќе се искачи до 17 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Температурата ќе се искачи до 15 степени.

Поврзани новости