Освен Љупчо Зафиров, чие име најмногу беше споменувано по страшната автобуска несреќа во Бугарија, како втор возач на опожарениот автобус на автопатот „Струма“ е Кадрим Мемеди.
Неговиот син Бесар ексклузивно за БНТ изјави дека телото на неговиот татко било пронајдено во кабината за спиење.
Тој бил во Бугарија за да го препознае телото и се вратил дома. Мемеди имал 54 години, со над 20 години искуство. Често патувал во Германија и Турција и ги знаел рутите.
„Автобусот бил технички исправен“, вели неговиот син.
Бесар во изјавата тврди дека „Беса Транс“ има сервис и во Турција. Неговиот татко заминал во четвртокот, а во петокот веќе бил во Турција. Кадрим во петокот оттаму му се јавил на синот.
„Во автобусот не дозволувал патници со опасен багаж – ниту со пиротехнички средства, ниту гориво. Автобусите биле стари 3 години и технички исправни“, раскажал синот на починатиот возач.
Од списокот на преживеани во несреќата, според Бесар, го нема името на патникот Шади Науф ал Салех.
Фото: БНТ