Поранешниот телохранител на Сашо Мијалков, Ален Зекиров и Блажо Петревски кој исто така важи за близок до Мијалков одговорија на поканата на обвинителството за организиран криминал и се појавија на распит во полициската станица во Кисела Вода.
Синот на Сашо Мијалков, Јордан Мијалков, кој исто така беше повикан на распит, не се појави во полициската станица Кисела Вода. Како што дознава ТВ 24 , Јордан Мијалков се наоѓа на патување, а поканата не му била уредно доставена.
Јавното обвинителство за гонење организиран криминал ги повикало лицата Јордан Мијалков, Ален Зекиров и Блаже Петревски денеска да се јават во полициска станица за настаните поврзани со крвавиот упад во Собранието.
Јордан Мијалков беше забележан на фотографиите како заедно со толпата влегува во Собранието.