Во пукањето во Кичево вчера настрадал и случаен минувач

by fokus

Надлежен обвинител од Основното јавно обвинителство – Гостивар изврши увид во центарот на Кичево, на местото каде вчеравечер,​ се случи вооружен инцидент во кој се ранети три лица.

Според првичните сознанија до инцидентот дошло кога лицето А.А од зад грб испукало неколку куршуми од пиштол кон А.А и А.Д. При нападот со лесни телесни повреди во пределот на потколеница се здобил и случаен минувач. Поради сериозноста на повредите А.А и А.Д се пренесени на лекување во скопските клиники.

При увидот јавниот обвинител издаде наредби за собирање на траги од лице место, за вештачење, фотографирање и скицирање на местото на настанот.

​Во текот на денешниот ден Основното јавно обвинителство – Гостивар до судија на претходна постапка при Основниот суд – Гостивар ќе достави Предлог за определување на мерка – притвор за сторителот.​

Поврзани новости