Синот на Јанева рекол дека вториот телефон е изгубен во Белград

by fokus

Во интервјуто за Сител јавниот обвинител Вилма Рускоска во врска со случајот „Рекет“ истакна дека Судот мора да ги прифати аудио и видео снимките како доказ.

Русковска нагласи дека во најскоро време ќе заврши вештачењето на телефонот на Јавниот обвинител Катица Јанева кој минатата недела и беше одземен во врска со случајот „Рекет“.  Таа посочи дека синот на Катица Јанева рекол дека вториот телефон и е изгубен во Белград.

Во врска нејзиниот евентуален избор за раководител на новото ЈО за гонење на организиран криминал и висока корупција, обвинителката Рускоска истакна дека веќе има 25 години стаж во обвинителството и дека доколку биде избрана ќе ја исполни задачата.

Поврзани новости