907
23-годишниот Александар Захариев, син на екс градоначалникот на Штип, Илчо Захариев, е пронајден мртов, а најверојатно се работи за самубиство, дознава „Фокус“.
Според неофицијални информации Александар Захариев си го одзел животот со бесење.
Илчо Захариев беше градоначалник на Општина Штип, а претходно директор на Бирото за лекови.