НБА се поклони пред Мајкл Џордан

by fokus

Легендарниот кошаркар Мајкл Џордан доби најмногу гласови од играчите во анкетата на „Атлетик“ за најголем играч во историјата на НБА-лигата.

Поранешниот член на шампионската генерација на Чикаго булс доби 73 отсто од гласовите.

Беа анкетирани вкупно 117 кошаркари. На второто место се најде Леброн Џејмс со 11,9 отсто.

Потоа следуваат: Коби Брајант (10,6), Карим Абдул-Џабар (1,7), Меџик Џонсон, Ален Ајверсон и Кевин Дурант (со по 1 процент).

Поврзани новости