МВР потврди: Синот на Захариев бил пронајден мртов во село во Делчево

by fokus

Од Министерство за внатрешни работи ја потврдија информацијата дека синот на поранешниот градоначалник на Штип, Илчо Захарев, бил пронајден мртов.

„На 09.04.2019 година во 09.50 часот во Полициската станица Делчево од Итната медицинска помош во Делчево било пријавено дека во атар на с. Звегор, делчевско бил пронајден починат А.З.(23). Извршен е увид под раководство на јавен обвинител“, велат од МВР.

Според неофицијални информации на „Фокус“, Александар Захариев си го одзел животот со бесење, во викендица на семејството во Делчево.

Поврзани новости