Синдикатот и порача на Арсовска: Не бркај вработени, ќе го блокираме градот!

by Фокус

Конфедерацијата на синдикални организации денеска на прес-конференција побара од градоначалничката Данела Арсовска да ги врати на работа 100-те работници од ЈП „Водовод и канализација“ за кои рече дека нема да им бидат продолжени договорите.

Претседателот Марјан Ристески рече ако Арсовска не ги прими на состанок и не се реши овој проблем ќе го блокирале Град Скопје и булеварот Илинденска, за, како што рече, да не може таа да си дојде на работа.

-Мора да престане праксата политичарите својот гнев да го истураат врз вработените. Па дел од овие вработени имаат земено кредити, не дај Боже да зеле некој од оние брзи кеш кредити – рече Ристески.

Тој ги отфрла обвинувањата на Арсовска дека овие луѓе ништо не работеле.

Според него, тие постојано со клешти и лопати во рацете и работат на канализационата мрежа.

Поврзани новости