424
Синдикатот на работниците од трговијата на Македонија упати барање до Комисијата за хартии од вредност да провери кое лице стои зад преземањето на „Макпетрол“.
„Очигледно е дека компанија со 1.000 евра капитал не може да обезбеди сопствени средства за да го изврши преземањето, односно чиј е капиталот кој служи за преземањето, а после тоа да се провери дали тој што стои зад преземањето е угледен и искусен стопанственик во нафтениот бизнис, кој има кредибилитет и нуди гаранции дека нема да бидат загрозени работничките права на над 2000 вработени во Макпетрол АД Скопје и другите компании каде Макпетрол е сопственик“, се вели во барањето.
Синдикатот изразува надеж дека КХВ ќе донесе одлука со која ќе бидат заштитени работничките права.