386
Синот на пратеникот Зоран Илиоски од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, од вчера е вработен во СВР Битола како приправник во одделот за економски и компјутерски криминал. Тој е вработен без да биде распишан оглас.
За ПлусИнфо од СВР Битола ја потврдиле оваа информација, а во врска со тоа што е примен без јавен оглас, објаснуваат дека Законот за МВР дозволува такво вработување.
-Законот дозволува без јавен оглас да се заснова работно место што во актот за систематизација се утврдува со статус овластено службено лице – вели Сања Стаматовска, портпарол на СВР Битола.
И самиот Зоран Илиоски го потврди вработувањето на неговиот син, за кое вели дека не е спорно.