Над 20 кандидати за ад хок телото за медиуми и уредник на МРТ

by fokus

Повеќе од 20 кандидати се пријавиле на конкурсот кој го објави СДСМ за членови на ад хок телото за медиуми, како и за уредник на МРТ.

-Она што можам во моментов да го кажам е дека по истекот на рокот на овој повик за пријавување на кандидати за членови на ад-хок телото за следење на медиумите и за главен и одговорен уредник на Македонската радио телевизија пријавени се над 20 кандидати, професионалци, изјави на денешната конференција Љупчо Николовски, член на Извршниот одбор на СДСМ.

Здружението на новинари на Македонија уште при договорот на партиите за фомирање на ова тело за надзор на медиумите се изјасни дека нема да биде дел од него.

Поврзани новости