Симовски: Само Собранието може да го одложи пописот

by fokus

Не сме институцијата што може да каже дека се одложува или не пописот. Ние имаме Закон за попис и единствена институција што може да каже такво нешто е Собранието, каде што треба да се направи измена на законот, изјави директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски, во гостувањето на телевизија Канал 5.

Државниот завод за статистика, нагласи Симовски, стои на тоа дека може да го спроведе попсиот и дека сите граѓани ќе бидат безбедени, бидејќи ќе се применуваат сите мерки предложени од Комисијата за борба против заразни болести.

-Ќе ги почитуваме до максимум и во некои ситуации ќе одиме и над тоа. Примарно, ако сме на отворен простор, секој наш учесник нема никогаш да биде без маска и ќе инсистира и домаќинството да носи маска додека трае попишувањето. Второ, имаме посебни протоколи за таму каде што има заболени лица или лица во изолација. Имаме доволен период и да почекаме да излезат од таква состојба, па да направиме попис како што треба, а ако тоа не е можно има протокол како тоа да се направи со носење скафандер, ракавици и друга опрема, појасни Симовски.

Поврзани новости