Симовски: Сакаме во нашата земја да се сопре одливот на граѓаните

by Fokus

Апостол Симовски, директор на Завод за статистика смета дека постојаното тврдење на опозицијата дека овој попис, закон и методологија не се во согласност со европските стандарди, паднало во вода минатата недела кога Евростат со јавна изјава на нивниот портпарол ги демантирал и потенцирал дека дека законот и методологијата се целосно усогласени со меѓународните стандарди.

Затоа, рече Симовски, не сакам повеќе да навлегувам во расправи кои се движат насока дека пописот не е согласно меѓународните стандарди и оти поради тоа остава простор за манипулација.

Тој во емисијата 24 Анализа говореше и за попишувањето на дијаспората, кое е овозможено на овој попис.

Нашата земја, рече Симовски, има голем проблем со одлив на граѓани и поради тоа мислиме дека иселениците треба да се попишат.

-Затоа сакаме во нашата земја да креираме политики тој одлив да се сопре да се создадат подобри услови за да нема желба да се емигрира, и зошто да не да се создадат услови дел од популацијата која емигрирала да почне да се враќа, рече Симовски.

Поврзани новости