Симовски: Четворица инструктори за попишување се заразени

by Фокус

Има четворица заразени инструктори за попишување, кои се заразени од своите сопружници, рече директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски. Според него, нема пречка да се реализира попишувањето.

-Протоколите за попис се јавно објавени, има различни протоколи за различни ситуации. Имате ситуации со лица во самоизолација, имате позитивни, имате ситуација каде има и заразени и здрави лица. Затоа некаде ќе се носат и скафандери при попишувањето – рече Симовски на Канал 5.

Ако некој не биде пронајден во својот дом, додаде тој, ќе му се остави известување за следна посета.

-Ќе знаеме на кои адреси какви лица има и ќе делуваме. Имаме голема количина средства за дезинфекција, имаме маски, мантили, скафандери и сето она што е неопходно. На терен попишувачите ќе имаат средства за секаква дезинфекција, како за маските, така за компјутерот и за сето останато. Попишувачот мора да носи маска, да дезинфицира раце пред да влезе, да ги замоли домаќините да стават меска – рече Симовски.

Поврзани новости