Симовски: Иселените нема да влезат во вкупното население, но ќе знаеме какви луѓе заминале

by Фокус

Апостол Симовски, директор на Заводот за статистика, вели дека лицата кои се подолго отсутни нема да влезат во вкупното население, туку тие ќе бидат запишани со цел, како што рече, да се одредат нивните карактеристики.

-Целта е кога ќе се креира политиката да се знае дали од државата имаме одлив на мозоци и какви профили на луѓе заминале од земјава – истакна Симовски во емисијата Вин Вин на Телма.

Тој додаде дека многу луѓе предходно се попишуваа плашајќи се ако не запишат нема да добијат државјанство или имотно право во државата.

-Така свесно даваа погрешни изјави и кажуваа дека тие се внатре во државата и оваа бројка ја оптоваруваа дополнително – вели Симовски.

Поврзани новости