Силно невреме ја зафати Москва: откорнати 70 дрвја, оштетени 50 автомобили

by Fokus

Силните ветрови и врнежи во Москва предизвикаа хаос во градот. Откорнати се околу 70 дрвја, а повеќе од 50 автомобили се оштетени, изјавија за Интерфакс службите за итни случаи.

Во невремето нема повредени.

Силно невреме со грмотевици ја погоди Москва вчера попладне, а за помалку од еден час во градот наврнаа до 23 мм дожд, што е повеќе од четвртина од месечната норма за јули. Налетите на ветрот понекогаш достигнуваа и 20 метри во секунда.

Десетици улици беа поплавени, а паркот Горки беше затворен. Надлежните препорачаа рестораните и кафулињата да ги затворат летните тераси.

Поврзани новости