382
Попладнево околу 18 часот се случила силна детонација во една зграда во Куманово лоцирана на булеварот „Октомвриска револуција“. Од екипите на Брза помош и на ТППЕ Куманово соопштија дека во експлозијата нема жртви.
-Има повеќе оштетени станови, влезната врата на зградата, влезните врати на становите, а во два-три стана мебелот е оштетен. Не се знае причината од што е предизвикана детонација, односно експлозија, СВР Куманово и инспекторите вршат увид. Тие се на лице место, изјави командирот на смена од ТППЕ Куманово, Марјан Гелевски.
Од СВР Куманово потврдија дека случајот е пријавен во 18:05 часот и оти во моментов увид вршат екипи на СВР Куманово и на Основното јавно обвинителство.