Иванов бара од Јанева да покаже култура и почитување кон институцијата Претседател

by Фокус 21:18
21:18

Од Кабинетот на претседателот Ѓорѓе Иванов испратија писмена реакција на денешната изјава на специјалната обвинителка Катица Јанева дека тој е избран на нелегитимни избори во која се вели дека тврдењата на Јанева се без почит и тенденциозни и дека таа требало да покаже минимално ниво на култура и почит кон институцијата Претседател и одговорност кон функцијата што ѝ е дадена.

-Ја потсетуваме Јанева дека својот втор мандат претседателот Иванов го почна во 2014 година, а не во 2013, 2012 или 2011 како што таа изјави, односно неговиот избор за Претседател на Република Македонија нема никаква врска со периодот од кога датираат наводните разговори врз основа на кои Специјалното јавно обвинителство ги покренува обвиненијата, се наведува во реакцијата од Кабинетот на Иванов.

- Advertisements -

Од Кабинетот на Иванов додаваат дека со денешната изјава Јанева го оспорила и сопствениот легитимитет бидејќи е избрана токму од нелегитимното Собрание на Република Македонија за какво што тврди дека е, а сопствениот легитимитет го црпи од Законот за Специјалното обвинителство што е прогласен со указ потпишан од исто така, според нејзините тврдења, нелегитимниот Претседател.

 

Поврзани новости