Романската обвинителка Кодеси оцени дека Специјалното обвинителство е објективно

by Фокус

Лаура Кодрута Ковеси, главниот обвинител на Националниот директорат за антикорупција на Романија, денеска оствари средби со специјалната обвинителка Катица Јанева и со јавниот обвинител Марко Зврлевски.

-Дискутиравме меѓусебе како колеги  и зборуваме за специфичноста и фактите кои ја следат борбата против корупцијата. Средбата со Јанева беше малку подолга, бидејќи стануваше збор за размена на искуства за ресурсите за работа, начинот на кој соработуваме со државните органи. Го посетивме и местото каде работат. Сметам дека се објективни и дека треба да продолжат да работат без разлика на препреките со кои се соочуваат. Со Зврлевски, пак, зборувавме за начинот на кој можеме да соработуваме за легислативата, објасни Ковеси.

Таа рече дека целта при намалувањето на корупцијата во Романија им била не само Дирекцијата, туку и народот да бара корупциските скандали да бидат разрешени.

Најголем  иследник во борбата против корупцијата во Романија се нашите граѓани, а борбата против корупцијата е токму во нивен интерес, потенцира Кодрута Ковеси.

Поврзани новости