Силна експлозија во Нови Сад, експлодираше џип

by fokus

Во центарот на Нови Сад, вечерва околу 19 часот, одекна силна експлозија, објави Радио-телевизија Војводина.

Според телевизијата, експлозивна направа била поставена под автомобил, а белградскиот весник „Блиц“ пишува дека експлодирал џип.

Првичните информации на некои новосадски медиуми се дека во инцидентот има повредени лица, а возилото е веројатно сопственост на Слободан Милутиновиќ, во српското подземје познат како „Снајпер“.

Поврзани новости