530
Кандидатката за претседателка од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова во вечерашната дебата на МРТ му реплицираше на Пендаровски дека таа нема да го поништи Договорот од Преспа.
-Јас не сум кралица, ниту царица за да поништувам некој договор. Јас само се повикувам на почитување на меѓународното право. Договорот е реалност и јас ќе го почитувам се до моментот, кој можеби нема да дојде, до некоја негова измена, рече Силјановска.