Река: Не можеме да очекуваме странски инвестиции кога имаме селективна правда

by fokus

Кандидатот за претседател Блерим Река во вечерашната дебата на МРТ рече дека негов приоритет во меѓународната политика како претседател ќе му бидат странските инвестиции.

-Главен приоритет ќе ми биде како да ги мотивирам странските инвеститори. Но, не можеме да очекуваме прилив на странски инвестиции ако не осигураме правна сигурност. Во првата средба со нив, тие гледаат дека има селективна правда и приватизирано судство. Не се само парите на странските инвеститори, никој не сака да го ризикува својот бренд, рече Река.

Поврзани новости