Силјановска: Местото на Македонија и е во Европа, но во меѓународните односи нема да бидам субмисивна

by fokus

Кандидатката за претседателка од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова во вечерашната дебата на МРТ рече дека Македонија секогаш била дел од Европа и таму и е местото, но за секоја политика треба да се водиме од националниот интерес.

-Судството одамна не е независно, Законот за амнестија јасно говори за тоа. Должностите на претседателот се целосно анулирани, особено во делот на склучување на меѓународни договори. Нема ниту еден покренат судски случај за референдумот за брзината на гласањето. Македонија секогаш била дел од Европа, географски, политички, културно и таму и е вистинското место. Но, мислам дека за секоја политика потребно е да имаме свест и посветеност на националниот интерес. Во меѓународните односи ќе се водам од националните интереси и никогаш нема да бидам субмисивна. Клучот е да го препознавате европскиот начин на живот овде во Македонија, рече Силјановска.

Поврзани новости