500
Гордана Силјановска Давкова го откажа „жешкото столче“ на Телма, соопшти телевизијата. Претседателската кандидатка на ВМРО – ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија прво го прифатила, а потоа без образложение го одбила за денеска предвиденото гостување.
ТВ Телма како дел од својата програма за претставување на претседателските кандидати покрај првото соочување на тројцата кандидати им понуди и три поединечни интервјуа со новинари од различни редакции.
Другите двајца кандидати Пендаровски и Река во изминатите денови ги имаа овие интервјуа на „жешкото столче“.