И Пендаровски повика на масовна излезност на изборите

by fokus

Кандидатот за претседател од СДСМ и коалицијата Стево Пендаровски денеска во Дебар на средба со членови, симпатизари и граѓани истакна дека на 21 април и 5 мај треба да се излезе масовно да се гласа бидејки овие избори се историски за државата.

Тој рече дека актуелната Влада ги направи сите потребни активности со цел да ги реши проблемите со соседите и сега набрзо ќе биде членка на НАТО, а прави се да ги започне и преговорите со ЕУ.

-Нашиот концепт е да одеме напред заедно, без разлика на етничката и верска припадност. Законот за јазици е исполнување на обврските кон Охридскиот догово. Замина времето кога некој беше газда а друг кираџија , затоа ние сакаме да одиме напрад а тоа значи и запирање на масовната миграција која е присутна и во овој регион , рече Пендаровски .

Според него, треба да се има предвид дека победата на кандидатот на ВМРО ДПМНЕ, Гордана Силјановска значи дека и понатаму останува на власт актуелниот претседател Иванов. Вие знаете многу убаво, посочи Пендаровски, до каде не донесе политиката на Иванов.

Тој додаде дека победа на Мицковски ќе значи уште една победа на Груевски.

– РС Македонија ќе го донесе законот за СЈО , и пред законот ќе одговараат сите кои не работеле законски. Тоа нема да важи само за оние од претходната власт, туку и за оваа власт ако нормално се огреши некој. Почитувањето на законите е основа во една правна држава, нагласи Пендаровски.

Во Дебар Пендаровски побара и да се гласа за кандидатот за градоначалник на ДУИ Хекуран Дука , кој има подршка и од СДСМ .

Поврзани новости