503
Силен земјотрес со јачина од 5 степени според Рихтер и епицентар од 10 километри вчеравечер ја стресе Грција.
Тресењето беше почувствувано и во Македонија, во јужните делови како Гевгелија, Струмица и Валандово.
Интензитетот на потресот во земјава бил од четири до пет степени според Европската макросеизмичка скала.
Утрово земјотреси имаше и во Албанија, Италија и Турција.