Повеќе портали со часови недостапни, УНЕТ тврди дека е технички проблем

by fokus

Сајтот на „Фокус”, како и повеќе македонски портали со часови немаа пристап до нивните страници.

Од вчера по полноќ, „паднати” беа и страниците на „новатв.мк“, „либертас.мк“, „сдк.мк“, „локално.мк“, „плусинфо.мк“, „мкд.мк“ како и електронските изданија на дневните весници „Утрински весник“, „Дневник“ и „Вечер“.

Сајтот на Фокус беше пуштен предмалку, а од УНЕТ тврдат дека проблемот бил технички и дека нема сомнеж за хакерски напад.

Им се извинуваме на читателите за пропустите.

Поврзани новости