1K
Македонските граѓани вечерва беа вознемирени од прилично силен земјотрес кој траеше доста долго.
Според првичните информации, епицентарот на земјотресот бил во Грција на 4 километри од Лерин во 22.53 часот по средно-европско време.
Според Европската сеизмичка лабораторија потресот имал јачина од 5.5 степени, а беше почувствуван во речиси цела Македонија. Најмногу во Битола и Ресен.