19 лица загинаа во пожар на зграда во Њујорк

by fokus

19 лица загинаа, а 64 лица се повредени денеска во голем пожар во зграда во Њујорк, јавија американски медиуми. Од загинатите, девет се деца.

-Ова е ужасен, ужасен, болен момент за градот Њујорк, а влијанието на овој пожар навистина ќе донесе ниво на праведна болка и очај во нашиот град, изјави градоначалникот на Њујорк.

Повеќе од 200 пожарникари пристигнаа на местото на пожарот што избувна во дуплекс на третиот кат од зграда лоцирана во Бронкс, соопштија официјални лица. Пожарот што избувна во 11 часот по локално време, е локализиран, соопшти полицијата

Поврзани новости