287
Грција утрово ја погоди земјотрес со јачина од 5,2 степени според Рихтеровата скала, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки институт (EMSC).
Екатимерини јавува дека земјотресот се случил во централна Евија, на длабочина од 14,2 километри. Земјотресот е почувствуван и во Атика.
Неколку минути подоцна, во истата област следеше втор земјотрес со јачина од 3,8 степени според Рихтеровата скала, според Екатимерини.