Си заминаа „Чуварите на демократијата“ од Жена-парк

by Фокус

Кампот на поддржувачите на ВМРО-ДПМНЕ или како што тие се наракуваа „Чувари на демократијата“, денеска си заминаа од Жена-парк. Овој камп беше подигнат еден ден откако опозицијата и дел од граѓаниските активисти го поставија Кампот на слободата пред Владата.

„Чуварите на демократијата“ немаа точно одредени барања и цел на своето кампување пред Собранието на Република Македонија, освен како што тие велеа, да ја чуваат демократијата, која СДСМ сакала да ја загрози. Велеа дека ќе си заминат кога ќе си заминат камперите кои беа пред Владата, но останува нејасно зошто тоа не го направија. Камперите пред Владата си заминаа пред две недели.

Кампот на поддржувачите на Владата ќе биде запаметен по тоа што камперите ги паркираа своите возила долж булеварот пред Собранието и по изјавите дека ќе си заминат кога Груевски ќе им кажел и изјавата дека им давале „квалитет сладолед“.

Поврзани новости