И лав и осветлување, плоштадот на ВМРО се вивна на 1, 7 милиони евра

by fokus 12:28
12:28

Нови 200 илјади евра без ДДВ  ќе се излеат од буџетот на град Скопје за новиот плоштад на ВМРО – ДПМНЕ. Градот планира парите да ги потроши за осветлување за пристапната улица до плоштадо, односно за поставување на канделабри.

Деновиве е објавен тендерот за избор на компанијата што треба да ги постави новите канаделабри и ќе трае до 19-ти август. Проценетата вредност на договорот без ДДВ е 12.363.274 денари или околу 200.000 евра. Главен критериум за доделување на договорот за јавна набавка е најниската цена.

- Advertisements -

За пристапната улица што води до плоштадот од градскиот буџет веќе се потрошија над 15 милиони денари на почетокот од мај годинава.

Вчера  на постаментот пред новото седиште на ВМРО-ДПМНЕ беше  постевен и лав. Пресметките говорат дека плоштадот пред новото седиште на партијата заедно со пристапната улица и осветлувањето ќе ги чини скопјани најмалку 1,7 милион евра.

На следниот линк на истражувањето на Призма можете да се информирате точно за што беа трошени парите, кој е автор на плоштадот, и како треба да изгледа кога ќе биде завршен,.

Поврзани новости