363
Триесетгодишен тетовчанец пријавил злоупотреба на неговата платежна картичка од страна на непознати сторители, информираа од МВР.
Според полицијата, пред еден месец, на 7 ноември преку социјалните мрежи нарачал мобилен телефон и ги внел личните податоци и бројот на платежната картичка, издадена од една од банките во Тетово. Кога по извесно време ја проверил состојбата на сметката, констатирал дека во периодот од 20.11.-27.11.2017, во девет наврати од истата му биле подигнати 90.218 денари. Се работи на целосно расчистување на настанот и пронаоѓање на сторителите.